Top Sport

Челино: Балотели со умот е надвор од Бреша очекувам и физички да замине

Претседателот на Бреша Масимо Челино рекол дека сите во клубот биле разочарани од однесувањето на Марио Балотели и дека тој нема да остане во екипата. Изминатите денови медиумите во Италија пишуваа дека Балотели не се појавил на ниту еден тренинг.

„Се обидувам вон судски да ги решам работите со Балотели, но работата ескалираше пребргу бидејќи нема фудбал и немаме за што да разговараме. Тој е чуден тип, во својата глава тој веќе ја има напуштено Бреша. Очекувам наскоро и физички да не напушти. Ова не е нешто поинакво од она што досега го правеше во кариерата, тој е таков анархист. Неговиот договор се прекинива доколку испаднеме од лигата, што значи дека најверојатно ќе стане слободен играч“, рекол Челино.

Првиот човек на Бреша објаснил зошто решиле да го донесат Балотели минатото лето.

„Поранешниот тренер, Корини, многу сакаше Балотели да дојде во Бреша. Очекувавме доста но тој не разочара. Веруваме дека многу ќе ни значи на теренот, не го донесовме за да бидеме присутни во медиумите“.

Scroll to Top