Top Sport

Луд пресврт на „Тардини“, Интер си замина со три поени (видео)

Парма имаше водство до последните десетина минути од мечот на „Енио Тардини“, но на крајот беше поразена со 2:1 од Интер, кој комплетираше неверојатен камбек.

Расположението во тимот на Антонио Конте беше на ниско ниво по 3:3 ремито со Сасуоло, а својата суспензија ја отслужија Милан Шкринијар и тренерот Антонио Конте. Винсент Лауруини имаше одлична шанса за „Дукали“, пред Жервињо да добие одлично нафрлање од Јурак Куцка и го помина Антонио Кандрева без проблем за уште во 15. минута да донесе 1:0 водство.

Во 21. минута, Јасмин Куртиќ играше со рака во шестнаесетникот на Парма, но ВАР покажа дека Диего Годин беше во офсајд, така што „нераѕурите“ не добија шанса за израмнување. Андреас Корнелиус, кој постигна хет-трик против Џенова претходното коло, имаше совршена шанса, но утна празен гол по половина час игра.

Парма имаше уште неколку шанси во првото полувреме, пред „казната“ да стигне во 84. минута кога по еден корнер топката од главата на Лаутаро Мартинез заврши кај Стефан де Фрај, кој ја смести во голот. Кога Куцка доби црвен картон минута подоцна, Интер го искористија тоа и во 87. минута преку Алесандро Бастони дојдоа до 2:1 победа.

Со триумфот, Интер останува на третото место со 61 поен, осум зад лидерот Јувентус и четири пред Аталанта, додека Парма останува осма со 39 поени, три зад седмопласираниот Милан.

Scroll to Top