Иако многумина сметаат дека кариерата на Герет Бејл како фудбалер на Реал Мадрид заврши, поранешниот тренер на Тотенхем, Хери Реднап смета дека Велшанецот ќе добие нова шанса и покрај сегашното одбивање на Зинедин Зидан да смета на неговите услуги.
Засега, Зидан јасно му порача на Бејл дека нема иднина на „Сантијаго Бернабеу“, а предвидениот трансфер во Кина не се оствари откако Реал ги прекинаа преговорите, а денеска завршува и англискиот преоден рок. Но, Реднап вели дека ситуацијата не е толку лоша за Бејл.
„Секако, не е добро што работите се одвиваа така. Одеднаш, како Бејл да не е посакуван таму и мислам дека тој не е човек што заслужува такво нешто. Тој не момче кое ќе прави проблеми во соблекувалната или ќе го нарушува тимскиот дух. Јас работев со него четири години и тој не направи ниту еден проблем. Но, сигурно тој нема да биде истеран во друг клуб. Можеби за месец-два ќе имаат лоши резултати и ќе го пуштат во игра да се докаже. Така се случи и со Дејвид Бекам“, вели Реднап.
Бекам се најде во слична ситуација откако на клупата на Реал дојде Фабио Капело, но успеа да избори место во тимот.