Јувентус и Милан синоќа го означија новиот почеток на фудбалската сезона во Италија. Великаните го одиграа полу-финалниот реванш кој заврши без голови. Пласман во финалето избори Јувентус бидејќи првиот натпревар во Милано заврши 1:1.
Пласманот на Јувентус во финалето преку државната телевизија РАИ го гледале 8,3 милиони луѓе. РАИ објави дека ова барем засега е најгледаниот фудбалски натпревар оваа сезона во Италија.
најзначајните моменти на натпреварот се случија во интервал од 60 секунди. Кристијано Роналдо во 16 минута не реализира пенал, а во 17 минута Анте Ребиќ поради невнимателен старт врз Данило доби црвен картон.
Вечерва ќе биде познат противникот на Јувентус во финалето. Својот реванш во Неапол ќе го одиграат Наполи и Интер. Првиот меч го доби Наполи со 1:0.
Финалето ќе се одигра на 17 јуни во Рим.