Фудбалерите на Атлетик Билбао и Еспањол одиграа 1:1 во првиот натпревар од 27 коло, во Ла Лига.
Гостите од Барселона, во Баскија, рано го отворија резултатот. Факундо Фереира со гол ја заврши одличната акција на своите соиграчи.
Атлетик играа подобро во текот на целиот меч, имаа посед на топка од 72 отсто, но мрежата на Еспањол успеаја да ја затресат во 80 минута. Ветеранот Раул Гарсија го совлада Диего Лопез.
Поранешниот играч на Атлетико Мадрид со удар со глава ја заврши акцијата на Ибаи Гомез,
Двата тима имаат по 34 бода и ја делат десеттата позиција на табелата.