Top Sport

Ремито на Вест Хем и Барнли во сенка на страотната повреда на Вествуд

Вест хем и Барнли одигра 1:1 реми на „Лондон стадионот“, резултат кој не им одговара на двата тима, и кој падна во сенк на страотната повреда на фудбалерот на гостите, Ешли Вествуд, која ги шокираше навивачите и фудбалерите на двата тима.

Во 22. минута од мечот, Вествуд беше во дуел со хрватскиот интернационалец на Вест хем, Никола Влашиќ, кога доби страотна повреда на скочниот зглоб, која го остави во шок самиот  Влашиќ, кого го смируваа неговите соиграчи.

Само три минути подоцна, Вут Вегхорст ги донесе Барнли во водство во првиот меч по отказот за долгогодишниот менаџер, Шон Дајч, а гостите имаа совршена шанса да ја удвојат предноста во финишот на полувремето, но Максвел Корне не беше прецизен од белата точка. Томаш Соучек во 74. минута израмни за „чеканите“, но тоа беше доволно за само поен, со кој Вест хем останува на седмото место на табелата со 52 поени, два помалку од Манчестер јунајтед и Арсенал, кои имаат и натпревари помалку. Барнли се на 18. место со 25 поени, три зад Евертон, но со натпревар повеќе.

Њукасл, пак, на „Сент Џејмс парк“ стигна до драматична 2:1 победа над Лестер за да остане на безбедни 12 поени од зоната за испаѓање. Адемола Лукман во 19. минута постигна убав гол за водство на „лисиците“, пред Бруно Гимараеш да израмни во 30. минута откако му ја изби топката од раце на голманот Каспер Шмајхел. Токму Гимараеш го постигна и одлучувачкиот гол на мечот во 92. минута.

ПРЕМИЕРЛИГА, 33.КОЛО

Њукасл – Лестер 2:1

Вест хем – Барнли 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top