Откако минатата сезона никој не можеше да ги „допре“ барем во првиот дел од годината, сега Пари Сен-Жермен го доживеа вториот пораз во Лига 1 во само седум гола, откако Ремс успеа на „Паркот на принцовите“ да триумфира со 2:0.
Клучен човек за гостите беше 23-годишниот фудбалер од средниот ред, Маршал Мунеци, кој го намести првиот гол на Хасан Камара во 23. минута, и им создаваше многу проблеми на одбранбените играчи на „светците“. Булаје Диа во последните минути од мечот зголеми на 0:2.
Со поразот, ПСЖ остануваат на првото место во Франција, но сега се израмнети со изненадувањето Анжер.