Aрон Ремзи се покажа како клучен човек за велшката репрезентација, постигнувајќи два гола за 2:0 победа над Унгарија праќајќи го Велс на Евро 2020 како 20-та квалификувана репрезентација (остануваат само четирите репрезентации кои ќе влезат преку Лигата на нации, се надеваме меѓу нив и Македонија).
Ситуацијата за Велс беше јасна – мораше да се победи Унгарија, бидејќи со реми, пласман на ЕП ќе оствареше репрезентацијата на Словачка. Ремзи, кој почна да е стандарден и во Јувентус, го направи потребното со гол во 15. и 47. минута за „змејовите“ да се пласираат на големо натпреварување.
Белгија со 6:1 го „прегази“ Кипар, откако Бентеке и Де Брујне постигнаа по два гола, за да го комплетира настапот во групата И со совршени 10 победи во 10 меча и гол-разлика од застрашувачки 40:3. Русија веќе го имаше обезбедено второто место и пласман на ЕП и со 5:0 го совлада Сан Марино.
Холандија и Германија, исто така веќе пласирани на Евро 2020, стигнаа до импресивни победи. Холанѓаните со 5:0 ја „прегазија“ Естонија, додека Германците со 6:1 беа подобри од Северна Ирска.
Пласман на ЕУРО 2020 изборија:
Група А: Англија, Чешка
Група Б: Украина, Португалија
Група Ц: Германија, Холандија
Група Д: Швајцарија, Данска
Група Е: Хрватска, Велс
Група Ф: Шпанија, Шведска
Група Г: Полска, Австрија
Група Х: Франција, Турција
Група Ј: Италија, Финска
ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Ц
Холандија – Естонија 5:0
Германија – Северна Ирска 6:1
Табела: 1.Германија 21, 2.Холандија 19, 3.Северна Ирска 13, 4.Белорусија 4, 5.Естонија 1
ГРУПА И
Белгија – Кипар 6:1
Сан Марино – Русија 0:5
Шкотска – Казахстан 3:1
Табела: 1.Белгија 30, 2.Русија 24, 3.Шкотска 15, 4.Кипар 10, 5.Казахстан 10, 6.Сан Марино 0
ГРУПА Е
Словачка – Азербејџан 2:0
Велс – Унгарија 2:0
Табела: 1.Хрватска 17, 2.Велс 14, 3.Словачка 13, 4.Унгарија 12, 5.Азербејџан 1