Top Sport

Ремзи ќе навива за Арсенал по посетата на Торино

Арон Ремзи е повреден и веќе го одигра последниот меч за Арсенал, но ќе биде на трибините во Баку да навива за „топчиите“ во финалето на Лига Европа против Челси, потврди Велшанецот.

Поради повреда на бутниот мускул во вториот меч од четврт-финалето на ЛЕ против Наполи минатиот месец, 27-годишниот Ремзи не играше за Арсенал до крајот на сезоната пред преселбата во Јувентус ова лето.

Ремзи доби сребрен топ од претседателот на клубот Сер Чипс Кесвик по последниот меч од сезоната, по што во петокот се појавија негови фотографии во Торино, каде што вечерва на Јувентус ќе му се додели трофејот од Серија А.

Сепак, Ремзи потврди дека ќе биде на финалето на ЛЕ на 29 мај, иако нема да патува со составот на Арсенал. Неговиот договор со „топчиите“ завршува на 30 јуни.

Scroll to Top