Top Sport

Ивковиќ: Сигурен сум дека Јокиќ сака да игра за Србија, но…

Легендарниот српски кошаркарски тренер, Душан Ивковиќ вели дека е убеден дека НБА ѕвездата Никола Јокиќ сака да игра за Србија на СП во Кина, но признава дека тоа не значи дека тој ќе биде во составот за Мундијалот.

Јокиќ ги загрижи српските навивачи, откако не сакаше сигурно да каже дали ќе биде во тимот на Александар Ѓорѓевиќ за Кина, признавајќи дека НБА сезоната е предолга и дека му треба време да размисли и да разговара со своите најблиски. Јокиќ, на пример, не беше дел од српската репрезентација на Олимпијадата во Рио во 2016 година.

„Лично мислам дека секој кошаркар би сакал да настапува за својата репрезентација. Но, зад нивните одлуки има и други работи. На пример, ако тренерот на Денвер нагетс, Мајк Мелоун му каже на Никола да одмори, тогаш ситуацијата би била многу тешка.  Знам дека Јокиќ би сакал да игра за Србија, но дали ќе биде така не можам да кажам“, вели Ивковиќ во интервју за „Еурохупс“.

Јокиќ не знае дали ќе игра за Србија на Мундијалот

Scroll to Top