Top Sport

Ремзи се враќа во Премиер лигата?

Арон Ремзи, во 2018 година, како слободен играч пристигна во Јувентус. Во Торино доби голема плата, но не успеа со игрите на теренот да ги оправда вложените пари. Сигурно е дека Ремзи ќе го напушти Јувентус во летниот преоден рок.

Многу е веројатно, дека поранешниот играч на Арсенал, ќе се врати во Премиер лигата.

Најсериозен кандидат за неговиот потпис е Њукасл. „Страчките“ со големи амбиции ќе влезат во новата сезона.

Ремзи има договор со Јувентус до јуни 2023 година.

Scroll to Top