Top Sport

Крај на една ера – Браќата Гасол во репрезентативна пензија

Браќата Пау и Марк Гасол се простиј од дресот на шпанската репрезентација. Поразот од САД, во четврт-финалето на олимписките игри во Токио, беше последен за легендарните браќа во дресот на Шпанија.

Пау (41) за Шпанија дебитираше во 2001 година. Со Шпанија освои 11 медали на големите натпреварувања. Три пати бил европски, еднаш светски првак, додека од ОИ има две втори места.

Се уште не е јасно дали Пау ќе ја заврши кариерата. Минатата сезона тој ја мина во Барселона.

„За наредниот чекор ќе разговарам со семејството. Ќе видиме дали ќе продолжам да играм кошарка или ќе барам нови предизвици во животот“, рекол Пау Гасол.

Марк Гасол е пет години помлад. Тој и наредната сезона ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Помладиот Гасол за Шпанија дебитираше во 2006 година. Марк со Шпанија два пати бил светски, три пати европски првак, има и две сребра од настапите на ОИ.

Scroll to Top