Top Sport

Ренато Санчез како позајмен играч од Лил доаѓа во ПСЖ

Португалскиот интернационалец Ренато Санчез ќе се пресели во Пари Сен Жермен. Двата клуба најдоа заеднички јазик, тој од Лил ќе замине како позајмен играч во тимот на „светците“ за претстојната сезона, а следното лето ПСЖ ќе може да го откупи за 10 милиони евра.

Ренато Санчез долго време беше во преговори и со Милан, но откако Луис Кампос беше назначен за спортски директор на ПСЖ тргна во акција да го доведе на „Паркот на принцовите“. Кампос претходно го доведе Ренато Санчез и во Лил.

Португалецот има соработувано и со новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, исто така во Лил.

Scroll to Top