Top Sport

Ренџерс и Копенхаген во ЛШ, Динамо Загреб и Бодо/Глимт ќе играат продолженија!

Динамо Загреб не успеа да го заддржи водството кое ги водеше во групната фаза на Лигата на шампионите, и ќе игра продолженија со норвешкиот Бодо/Глимт, додека Глазгов Ренџерс и Копенхаген го „фатија“ билетот за елитата.

Турскиот шампион, Трабзонспор, со македонскиот репрезентативец Енис Барди како стартер, одигра 0:0 со Копенхаген за да бидат елиминирани на последната пречка, откако во Данска загубија со 2:1.

Ренџерс стигна до импресивна 1:0 победа на гостувањето кај ПСВ Ајндховен, откако Антонио Чолак стрелаше во 60. минута од мечот, откако во Шкотска беше 1:1. За хрватскиот интернационалец ова е продолжување на фантастичниот старт на кариерата во Ренџерс, за кои во пет меча има постигнато четири гола.  Ова исто така беше интересен дуел на двајца холандски тренери, Џовани ван Бронкхорст на клупата на Ренџерс и Руд ван Нистелрој на клупата на ПСВ.

На „Максимир“ пак, Динамо имаше фантастичен старт на мечот, поведувајќи со голот на Мислав Оршиќ во 4. минута, за Бруно Петковиќ по асистенција на Стефан Ристовски да постигне фантастичен гол во 35. минута за 2:0. Ова беше резултат кој ги водеше „модрите“ во ЛШ, меѓутоа во второто полувреме, норвешкиот клуб имаше повеќе од играта, и во 70. минута, замената Алберт Гренбек постигна гол за 2:1, што значеше продолженија, бидејќи во првиот меч Бодо стигна до 1:0 победа.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, РЕВАНШ

Динамо Загреб (Хрв) – Бодо/Глимт (Нор) 2:1, прв меч 0:1, вкупно 2:2
ПСВ Ајндховен (Хол) – Ренџерс (Шко) 0:1, прв меч 1:1, вкупно 1:2
Трабзонспор (Тур) – Копенхаген (Дан) 0:0, прв меч 1:2, вкупно 1:2

Scroll to Top