Top Sport

Ренџерс со голема победа во контроверзното „Олд фирм“ дерби (видео)

Глазгов Ренџерс на Стивен Џерард стигна до огромна 2:1 победа на гости кај Селтик за да се доближат на само два поени до ривалите на врвот на шкотската Премиер лига и тоа со натпревар помалку.

Шампионите Селтик имаа совршена шанса да дојдат во водство во 33. минута, кога беше досуден пенал, но Рајан Кристи не беше прецизен од белата точка, за само три минути подоцна да стигне казната и преку Рајан Кент, Ренџерс да дојдат до водство.

До крајот на полувремето, Селтик успеа да израмни преку Французинот Одсон Едуар во 41. минута, пред Ренџерс повторно да дојдат во водство со голот на Хрватот Никола Катиќ во 56. минута од мечот.

Финишот на мечот беше полн со нервоза, откако Алфредо Морелос доби црвен картон за симулирање по крајот на мечот, по што кон навивачите на Селтик покажа знак за „колење“.

Ова е прва победа на Ренџерс на „Селтик парк“ од октомври 2010 година, а Ренџерс последен пат ја освоија шкотската титула во 2011 година.

Scroll to Top