Поранешниот европски и светски првак, селекцијата на Шпанија, одлично го отвори новиот циклус квалификации за ЕП 2024 откако ја совлада Норвешка со 3:0. Реновирана „црвена фурија“ која сега ја предводи Луис де ла Фуенте, поведе со голот на Дани Олмо во 13.минута. Во финишот Хоселу со два гола го реши победникот. Тој стрелаше во 84. и во 85. минута за убедлив триумф на Шпанците.
Хрватска имаше водство до судиското продолжение, а потоа Велс постигна гол за израмнување (1:1) на „Пољуд“. Андреј Крамариќ во 28.минута донесе предност за „коцкестите“, а израмни Натан Бродхед во 93.минута.
Романија беше подобра од Андора на гости и славеше со 0:2.