Top Sport

Република Ирска ја растури Шкотска

Република Ирска во Даблин на стадионот „Авива“, во Островското дерби ја порази Шкотска со 3:0. Ова беше натпревар од третото коло, во Групата 1, во Б-дивизијата, во Лигата на нации.

Република Ирска со оваа победа ги освои првите бодови во групата, откако во претходните две кола доживеа порази од Украина и Ерменија.

Ирците брзо дојдоа до два гола предност, најпрвин Браун му асистираше на Дафи во 20. минута, а осум минути подоцна Перот погоди по додавањето на Обафеми.

Домашните победата ја потврдија евроголот на најдобриот играч на овој натпревар, Обафеми. Напаѓачот на Свонси, во 51.минута шутираше неодбранливо од 25 метри.

Украина со шест бода од два натпревари води во Групата 1, по три бода досега освоија Република Ирска, Шкотска и Ерменија.

Scroll to Top