Top Sport

Сари: Второ место со Лацио вреди повеќе од титула од Лига Европа со Јувентус

Маурицио Сари цени дека неговото второ освоено место со Лацио е меѓу најдобрите успеси во неговата кариера, бидејќи тоа е потешко од освојување на Лига Европа со Јувентус.

Поранешниот тренер на Наполи, Челси и Јуве признава дека не очекувал да завршат толку високо на табелата, но додава дека биле добри во користењето на шансите кои другите ривали ги пропуштиле.

„Не го очекував второто место, но сакав да бидеме подобри од лани. Некои тимови освоија помалку поени од очекуваното и ние го искористивме тоа, но морам да му честитам на мојот тим кој се покажа во најтешките моменти. Мислам дека е потешко да се освои второто место со Лацио отколку да се освои Лига Европа со Јувентус“, вели Сари.

Scroll to Top