Фудбалерот на Леванте и на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди, во интервју за унгарските медиуми, одговорил и на прашањето кој е најдобриот во светот Меси или Роналдо?
„Јас немам никава дилема. Најдобар е Меси, не само во Шпанија. Го респектирам Роналдо, од него се обидувам да научам многу работи. Сепак Меси е пред сите“, рекол Барди.
Македонскиот репрезентативец е играч на Леванте од 2017 година, претходно три сезони го носеше дресот на Ујпешт.