Еден од најлудите летни преодни рокови во фудбалот стана уште полуд, откако Манчестер јунајтед потврдија дека го враќаат во клубот Кристијано Роналдо по 11 години, комплетирајќи неверојатни 24 часа во кои изгледаше дека португалската мегаѕвезда е блиску до „предавство“ и потпишување со ривалите од Манчестер сити.
Во операција која наводно започнала вчера вечерта, со помош на стариот тренер и „втор татко“, Сер Алекс Фергусон, „ѓаволите“ го обезбедија враќањето на Кристијано, кој токму на „Олд Трафорд“ стана фудбалска мегаѕвезда и освојуваше низа титули.
Навивачите на Јунајтед пак, од очај по можниот трансфер во Манчестер сити сега се во екстаза со враќањето на својот миленик, со кого се надеваат дека ќе станат сериозиен ривал за премиерлигашката титула. Роналдо го завршува тригодишниот престој во Јувентус, каде што иако освои две титули од Серија А, не успеа во походот по Лигата на шампиони, нешто што беше главна негова цел и секако на „старата дама“.
Welcome ????, @Cristiano ?#MUFC | #Ronaldo
— Manchester United (@ManUtd) August 27, 2021
Сер Алекс го убедил Роналдо, Јунајтед веќе дале официјална понуда до Јувентус