Top Sport

Само најдоброто! Конор пие со цевки „Луј Витон“ од 1.000 евра!

Конор Мекгрегор, како многу боксерски и боречки ѕвезди, не го крие своето богатство, постојано фалејќи се на социјалните мрежи, и во последното „шоу“ од Лос Анџелес, каде што е на одмор, го покажа својот часовник од 500.000 фунти и колекцијата „Луј Витон“ во која има цевки за пиење од 1.000 евра.

Иако направи доволно пари од УФЦ борбите, главното богатство Ирецот го доби со продажбата на својата „Пропер 12“ колекција виски, и сега има доволно време за опоравување од хорор скршеницата на ногата на последниот меч во јули во чист луксуз. Тој беше прогласен за спортист кој најмногу заработил во последните 12 месеци од магазинот „Форбс“ со заработувачка од 150 милиони евра.

Мекгрегор има голема љубов кон автомобилите, накитот и модните детали и порано призна дека почнал со борбите за да може да си ја задоволи страста за скапи патики. Мисијата е остварена – на видеото носи зелени „ЛВ“ патики, со цена над 1.000 евра.

Scroll to Top