Вториот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите на Јувентус против Олимпик Лион е закажано за 8 август, тврди францускиот „РМЦ спортс“ од извори на УЕФА.
Според нивните извори, УЕФА веќе оддржала состанок со претседателите на водечките европски клубови и се одредил датум од 8 август, кој би бил достапен ако дотогаш се завршат домашните шампионати. Останува нејасно каков ќе биде форматот за од четврт-финалето натаму и дали ќе се заддржи практиката на два натпревари.
Четири четврт-финалисти веќе се познати во Лигата на шампионите (ПСЖ, Аталанта, Атлетико Мадрид, РБ Лајпциг), а треба да се одиграат вторите мечеви од пресметките Реал Мадрид-Манчестер сити, Челси-Баерн Минхен, Лион-Јувентус и Наполи-Барселона. Лион има 1:0 предност од првиот меч во Франција.
ОСМИНАФИНАЛЕ, ЛШ
Борусија Дортмунд (Гер) – Пари Сен-Жермен (Фра) 2:1, 0:2
Аталанта (Ита) – Валенсија (Шпа) 4:1, 4:3
Атлетико Мадрид (Шпа) – Ливерпул (Анг) 1:0, 0:1, 3:2 по продолжение
Тотенхем (Анг) – РБ Лајпциг (Гер) 0:1, 0:3
Реал Мадрид (Шпа) – Манчестер сити (Анг) 1:2
Челси (Анг) – Баерн Минхен (Гер) 0:3
Лион (Фра) – Јувентус (Ита) 1:0
Наполи (Ита) – Барселона (Шпа) 1:1