Top Sport

Револуција – нов фудбалски трофеј, од 2022-ра ќе има Копа ЕуроАмерика

Од 2022 година започнува борба за нов – досега непостоечки трофеј во репрезентативниот фудбал.

По СП, континентални натпреварувања, Куп на Конфедерации како и неколку верзии во Лигата на нации. Од следната година ќе се игра Копа ЕуроАмерика.

Дуелот меѓу Италија и Аргентина, кои се победници на ЕУРО2020 и Копа Америка, ќе се игра во јуни 2022 година.
Се уште не е познато каде ќе се одигра овој натпревар.

Копа ЕуроАмерика практично ќе биде имитација на поранешниот Интерконтинентален куп кога шампионите на Европа и Јужна Америка играа за титулата светски првак се додека ФИФА не го оформи Светското клупско првенство.

Scroll to Top