Top Sport

Рибери ги донесе Баерн на само шест поени зад Борусија (видео)

Ветеранот Франк Рибери постигна гол во последните десет минути на „Алијанц арената“ за Баерн Минхен да стигне до важна 1:0 победа во дербито на 16. коло во Бундеслигата против РБ Лајпциг.

Со победата, четврта во низа во Бундеслигата за тимот на Нико Ковач, Баварците се доближија на шест поени до лидерот Борусија Дортмунд, откако „милионерите“ вчера го доживеаја првиот пораз оваа сезона од Фортуна Диселдорф.

Рибери се најде на вистинското место по мешаницата во гостинскиот шестнаесетник која ја предизвика Ренато Санчес, за со силен удар да го совлада голманот Петер Гулач.

Баерн останува трет во Бундеслигата со 33 поени, исто како и второпласираните Борусија Менхенгладбах, додека Лајпциг се четврти со 28 поени.

БУНДЕСЛИГА, 16.КОЛО

Шалке – Баер Леверкузен 1:2

Баерн Минхен – РБ Лајпциг 1:0

Фрајбург – Хановер 1:1

Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт 2:2

Вердер Бремен – Хофенхајм 1:1



Scroll to Top