Аријен Робен и Франк Рибери ќе го носат дресот на Баерн и во наредната сезона, пишуваат во четвртокот германските медуми.
Договорите на Робен и Рибери имаат важност до крајот на сезоната, според истите извори, преговорите биле успешни и тие двајца ќе бидат жители на Минхен и наредната сезона.
„Кикер“ прв објави дека потпишувањето на новите едногодишно договори ќе биде само формалност, а клубот во наредните денови треба и официјално да објави дека Рибери и Робен ќе останат во Минхен.
„Знаеме дека двајцата се одлични фудбалери. Со нив во изминатата деценија постигнавме бројни успеси. Клубо ги цени и ги почитува нив двајца“, рекол превиот човек на клубот Карл-Хајнц Румениге.
Рибери е играч на Баерн од 2007, а Робен од 2009 година.