Top Sport

Папата честиташе на Специја за лудата победа над Рома

Фудбалскиот клуб Специја имаше приватна аудиенција кај папата Франциск во Ватикан, каде што првиот човек на католичката црква им честиташе за победата над Рома во Копа Италија.

Клубот останува во Рим неколку дена бидејќи повторно ќе играат со Рома во Серија А овој викенд, и го искористија тоа да му подарат на папата дрес на Специја.

„Прво, честитки бидејќи имавте голема победа вчера. Во Аргентина ние го танцуваме тангото со 4-2 музика. Вие победивте со 4:2! Честитки и храброст до вас. Спортот е прекрасна работа, бидејќи го носи најдоброто од нас. Продолжете така“, изјави папата.

Специја ја елиминираше Рома во драматичен меч со два црвени картони за 30 секунди

Scroll to Top