Ветеранот Франк Рибери, доживеал сообраќајна несреќа. Неговиот клуб, Салернитана, соопшти дека минал само со полесни повреди на главата.
Рибери, загубил контрола врз својот автомобил и се забил во семафор. Бил хоспитализиран, а прегледите покажале дека има полесни повреди на главата. Поранешниот француски репрезентативец веднаш бил пуштен на домашно лекување.
Салернитана во наредното коло ќе гостува кај Интер, прашање е дали Рибери ќе биде во тимот.