Франк Рибери ѕвездата на минхенски Баерн рекол дека никогаш нема да прежали што не ја добил „Златната топка“ за најдобра играч во светот за 2013 година. Кристијано Роналдо и Лионел Меси изминатата деценија освоија по пет „Златни топки“. Последен кој го добил престижното признание да не е Роналдо или Меси бил Бразилецот Кака во 2008 година.
Франк Рибери смета дека Кристијано Роналдо му ја „украл“ наградата за најдобар играч во светот за 2013 година. Интересно во тој избор, кој тогаш се уште заедно го организраа ФИФА и весникот „Лекип“, како втор заврши Меси, а Рибери беше трет.
„Никогаш нема да го прежала тоа, едноставно тоа е најголемата неправда. Таа година со Баерн освоив три трофеи, повеќе од тоа не можев да направам“, рекол поранешниот француски репрезентативец, потенцирајќи дека не му е лут на Роналдо.
„Едноставно неговата земја застана позади него, лобираше, Франција не сакаше јас да ја добијам наградата“.
Инаку и претходно се случувале неправди, како во 1991 година кога Црвена звезда беше европски клупски првак, а наградата ја однесе Жан-Пјер Папен пред триото од Звезда: Савичевиќ, Панчев и Просинечки.
Наредната година „Златната топка“ ја освои Холанѓанецот Марко ван Бастен, иако Бугаринот Христо Стоичков со Барселона го освои тогашниот Куп на европските шампиони.
Слично беше и во 2012 година кога Шпанија стана европски првак, а Меси во изборот заврши пред соиграчите од Барселона Чави и Андрес Иниеста.