Top Sport

Рибери се враќа во Бундес лигата

Францускиот ветеран, Франк Рибери, се подготвува да ја напушти Фиорентина. Рибери последните две сезони го носи дресот на клубот од Фиренца. На „Артемио Франки“, тој пристигна како слободен играч, откако му истече договорот со Баерн Минхен.

Медиумите во Италија, тврдат дека поради семејството Рибери сакал да се врати во Бундес лигата. Семејствотo на познатиот фудбалер по неговиот трансфер остана во Германија.

Наводно, 37-годишниот фудбалер, води сериозни преговори со Ајнтрахт од Франкфурт. Инаку, со овој клуб тој се поврзуваше и пред две години, но тогаш ја одбрал Фиорентина, бидејќи само овој клуб му понудил двегодишен договор.

Scroll to Top