Top Sport

Ридигер ќе ги донира парите од СП за операција на 11 деца во Сиера Леоне

Дефанзивецот на Реал Мадрид и на германската репрезентација своите последни подготовки за Светското првенство ги помина во земјата каде што е родена неговата мајка, Сиера Леоне, каде што вети дека сите пари кои ќе ги заработи за настапот на Мундијалот во Катар ќе ги донира за операција на 11 деца.

Во соработка со германската добротворна организација „BigShoe“, тој го повтори гестот од јануари, кога донираше пари за комплексни и скапи операции за деца од оваа африканска земја. Овојпат, малите пациенти доаѓаат од Лунсар, каде што е родена неговата мајка Лили и кои страдаат од дефекти на стапалата.

„Боли да се видат условите во кои растат овие деца во Сиера Леоне. По операцијата тие ќе можат конечно да учествуваат во социјалниот живот по неколку месеци третман. Јас во Германија имав можности и шанси кои многу луѓе во Сиера Леоне ги немаат. Благодарен сум на тој факт и ја сфаќам мојата привилегирана позиција, така што ова е нешто малку што можам да го направам“, вели Ридигер.

Ридигер е вклучен во повеќе добротворни организации во Германија, додека додека беше фудбалер на Челси, беше чест донатор и посетител на детсите болници во Лондон.

Scroll to Top