Top Sport

Лопетеги со порака до Хименез: Вулверхемптон се поважни од Мундијалот!

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез беше вклучен во мексиканската репрезентација за Светското првенство во Катар и покрај подолгата пауза поради повреда и на новиот менаџер на англискиот премиерлигаш, Хулен Лопетеги не му се допаѓа тоа.

Лопетеги смета дека настапот во Катар е ризик за влошување на повредата и дека може да има долгорочно негативно влијание на неговата форма, но изјавата дека клубот е поважен од репрезентацијата секако ќе предизвика контроверзи.

„Зборував со Раул за Мексико и навистина сум загрижен за него. Тој нема играно долго време за Вулфс и сите му посакуваме само најдобро и се надеваме дека ќе се врати во врвна форма. Но, најважното нешто не е Светското првенство, туку Вулверхемптон. Мораме да ги заштитиме нашите цели. Имам респект кон неговата ситуација со Мексико, но мојот фокус е на Вулфс“, вели поранешниот тренер на Реал Мадрид и Севилја, кој го презеде тимот на 5 ноември.

Scroll to Top