Top Sport

Рикелме: Финалето Бока-Ривер веќе нема никакво значење (видео)

Легендата на Бока јуниорс, Хуан Роман Рикелме, вели дека финалето од Копа Либертадорес веќе нема значење по саботниот напад на автобусот на фудбалерите на Бока по што финалето беше презакажано за денеска.

Првиот меч во Буенос Аирес заврши 2:2 на „Бомбонера“ на Бока во меч кој помина без големи инциденти, но сега пред стадионот „Монументал“ фудбалерите на Бока беа пречекани со напад од страна на навивачите на Ривер. По ова ЦОНМЕБОЛ прво го презакажа мечот за еден час, за потоа да го одложи за во недела.

Капитенот на Бока, Пабло Перез заврши во болница со парчиња стакло во своето око, а голем дел од фудбалерите на Бока беа бесни што натпреварот не беше откажан порано.

Рикелме вели дека исходот на мечот сега нема значење поради насилството.

„Уморен сум од гледањето на тоа што се случи, од тоа што луѓето фрлаа камења на автобус, а тие до нив не ги сопреа. Треба да бидеме среќни што нема посериозно повредени луѓе. Фудбалот веќе не е важен“, вели Рикелме.

Тој исто така смета дека двата тима сега повеќе би сакале да не мораат да играат.

„Мислам дека Бока сака да игра во нормални услови, како и другиот тим. Сигурен сум дека и менаџерот на Ривер, Марсело Галјардо го сака тоа. Ова е срамота за сите нас“, вели Рикелме.

Суперкласико одложено за утре

Scroll to Top