Top Sport

Римска „војна“ – Лацио се „чуди“ на „опседнатоста“ на Мурињо

Војната на зборови меѓу двата римски клубови, Лацио и Рома, се зголеми денеска, откако Лацио со соопштение одговори на коментарите на тренерот на Рома, Жозе Мурињо дека стигнале до 4:3 победата над Специја со гол од офсајд.

Португалецот беше бесен по 0:0 ремито на Рома со Болоња во неделата, резултат кој ги остава Лацио и Рома израмнети со поени и без пласман во Лигата на шампионите. Двата клуба немаат обезбедено европски фудбал.

„Фактот што во 2022, противнички тренер постојано ги споменува другите клубови и наводните грешки на судиите, а во исто време ‘верните’ новинари го следат тој пример без да внимаваат на професионалноста, покажува две работи. Прво, дека нивните мисли се опседнааати со Лацио, и се обидуваат да гледаат во туѓиот дом за да го тргнат вниманието од нивните неуспеси. И покрај тоа што го нарушуваат угледот на италијанскиот фудбал, некои луѓе постојано ги обвинуваат ВАР и судиите и покажуваат непочитување кон секого. Лацио не прифаќа вакви критики и посочува дека вредностите се прават на теренот, а не на ТВ“, се вели во коментарот на Лацио.

На Мурињо сите му се виновни, задолжителна „отровна стрела“ кон Лацио

Scroll to Top