Top Sport

Рино знае како ги мотивира играчите (видео)

Милан во неделата стигна до првата „важна“ победа под Џенаро Гатузо, совладувајќи ги Лацио со 2:1, по што тренерот дозволи играчите да се соберат околу него и да го „удираат“.

„Росонерите“ со победата се на седмото место во Серија А, но ова е четврта победа во последните пет меча во потпросечната сезона. 40-годишниот Гатузо најде начин да ги мотивира играчите – дозволувајќи им фрустрацијата да ја искалат на него удирајќи го!

„Сакам да го направам тимот среќен, посебно играчите кои ми се лути поради тоа што се на клупата и сега имаат шанса да ме удрат“, признава Гатузо.

Ќе видиме колку ова ќе има влијание до крајот на сезоната и дали со шлаканици ќе се искачат до место кое води во Лигата на шампиони.

Милан, конечно, доби голем натпревар (видео)

Scroll to Top