Top Sport

Ришарлисон и Кристијан Ромеро „склучија мир“!

Новото засилување на Тотенхем, Ришарлисон се смири со својот „крвник“ од минатата сезона, Кристијан Ромеро по трансферот од 60 милиони фунти од Тотехем.

Ромеро и Ришарлисон влегоа во конфликт на двата меча помеѓу Тотенхем и Евертон минатата сезона – првпат поради барањето на пенал на Бразилецот, а потоа и по преостриот старт на Ромеро над Бразилецот при 5:0 победата во март.

Меѓутоа, очигледно по барање на менаџерот на клубот, Антонио Конте, двајцата мораа да „склопат мир“ пред своите соиграчи во еден незгоден момент.

Scroll to Top