Top Sport

Ришарлисон: Конте ме убеди да ги одбијам Арсенал и Челси

Телефонскиот повик од Антонио Конте го убедил Ришарлисон да се приклучи на Тотенхем во летниот преоден рок и покрај тоа што постоел интерес од Челси и Арсенал за услугите на бразилскиот напаѓач.

Тотенхем платија 60 милиони фунти за трансферот на 25-годишниот Ришарлисон во јули, и тој сега открива дека токму Конте бил клучниот човек за договорот.

„Знаев дека Челси имаат понуда и верувам дека и Арсенал контактираа со Евертон за мојата ситуација, но Тотенхем дојдоа и ме платија добро. Толку едноставно. Евертон мораа да продадат играчи за да избегнат казна за финансискиот ферплеј и преговорите беа многу кратки, да бидам искрен. Бев на одмор во Бразил кога слушнав дека Тотенхем дале понуда. Бев среќен бидејќи се работи за голем тим, а потоа Антонио Конте ми се јави да ми каже дека ме сака во неговиот тим и тоа беше клучно за одлуката“, вели Ришарлисон.

Scroll to Top