Top Sport

Ришарлисон не губи надеж дека ќе се опорави пред Мундијалот

Ѕвездата на Тотенхем, Ришарлисон верува дека „сè ќе биде во ред“, откако беше изваден од игра за време на вчерашниот меч против Евертон со повреда, за која првично се сметаше дека ќе значи дека ќе го пропушти Светското првенство во Катар.

Бразилецот беше повлечен од игра во 52. минута од мечот против неговиот поранешен клуб со повреда на потколеницата, по што беше забележан како оди со патерици и дури призна дека ова може да значи крај на надежите за настап со Бразил во Катар. Меѓутоа, подоцна, тој преку социјалните мрежи ги смири своите навивачи.

„Ви благодарам за пораките. Сè ќе биде во ред“, напиша Ришарлисон.

Светското првенство почнува на 20 ноември, а 25-годишниот Ришарлисон беше постојан првотимец во тимот на Тите, како постојан партнер на Нејмар во нападот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Richarlison (@richarlison)

Scroll to Top