Top Sport

Тениски бебиња – Гаел Монфис и Свитолина добија ќерка, и Медведев првпат стана татко

Најпознатата тениска брачна двојка, Елина Свитолина и Гаел Монфис преку социјалните мрежи објавија дека добиле принова, ќеркичката Скај во саботата, а во исто време и рускиот гренд слем шампион, Данил Медведев потврди дека првпат станал татко.

„Каква ноќ. Дами и господа, посакајте и топло добредојде на Скај Монфис. Му благодарам на мојот сопруг што го доживеавме овој неверојатен момент“, напиша Свитолина на социјалните мрежи.

И шампионот од САД опен во 2021, 26-годишниот Медведев се пофали преку социјалните мрежи со веста дека неговата сопруга, Дарја во петокот се породила со нивната прва ќеркичка.

„Добредојде на овој свет, бебе“, напиша Медведев на Инстаграм.

Scroll to Top