Top Sport

Ришарлисон откако беше гаѓан со банана: расизам секој ден и насекаде

Ѕвездата на Тотенхем, Ришарлисон вели дека расизмот ќе продолжи „секој ден и на насекаде“ доколку властите не преземат нешто, откако беше гаѓан со банана по прославата за гол при 5:1 победата над Тунис на „Паркот на принцовите“ во Париз вчера.

„Додека има само ‘бла, бла, бла’ и не казнуваат, ќе продолжи вак. Расизмот се случува секој ден и насекаде. Нема време, брату“, напиша Ришарлисон на Твитер.

ФИФА потврдија дека го истражуват инцидентот и го осудија однесувањето на дел од публиката во Париз. Иронично, бразилските фудбалери пред стартот на мечот застанаа со банер со анти-расистичка порака: „Без нашите црни фудбалери, немаше да имаме ѕвезди на нашите дресови“. Инцидентот го осудија и од Тотенхем и од Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ).

Scroll to Top