Top Sport

Ристе Јанков го напушти казахстанскиот Каспиј

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ристе Јанков заминува од Казахстан по само шест месеци. Тој спогодбено го раскина договорот со клубот Каспиј и е во потрага по нов ангажман во пресрет на нова фудбалска сезона.

Јанков пред шест месеци од Работнички се пресели во Казахстан, потпишувајќи со Каспиј до 2024 година. Сепак, само по шест месеци работите се променија.

Голманот претходно цели 16 години беше член на македонскиот прволигаш Работнички.

Scroll to Top