Потресите во Динамо Загреб и борбата за власт во најтрофејниот хрватски клуб се главна тема во медиуми во земјата. Тема секако е и капитенот Аријан Адеми, кој минатата недела не доби дозвола да го напушти клубот. Тој ткри дека има понуда од Валенсија да се пресели на „Местаља“.
Медиумите шпекулираат дека атмосферата во тимот не е добра, дека постојат поделби, кои кулминирале по киксот на Динами со Горица. Наводно, Адеми бил волоши односи со тренерот Чачиќ.
На оваа тема во интервју за „Спортске новости“, проговори капитенот на макеоднската репрезентација, Стефан Ристовски.
„Најискрено ќе ти одговорам бидејќи не знам поинаку. Една работа многу ме боли, навистина ме боли. Не ми е јасно дека во јавноста излезе она што се случи во соблекувалната на последниот состанок. Не се работи за тоа дека сакаме нешто да сокриеме, но сепак тоа се наши приватни работи. Работите потоа се вадат од контекст затоа што никој не знае каква била ситуацијата во соблекувалната во тој момент, под кои околности и за што се зборувало“.
Ако случајно не знаете, станува збор за таа средба на која Чачиќ ги прашал играчите дали има некој што да каже после се, па тој му рекол на капитенот Аријан Адеми да каже нешто, а тој одговорил: „Немам што да кажам“. Некои медиуми претпоставуваа дека Адеми бил лут, па не сакал да каже ништо.
„Значи, точно е дека Адеми го кажа тоа… Сепак, тоа беше извадено од контекст. На состанокот атмосферата беше добра, дури би рекол дека имаше и добри мајтапења. Потоа на крајот Чачиќ ме праша: „Риле, имаш ли нешто да кажеш или додадеш?“ Реков дека немам ништо. Тогаш тренерот рече: „Ајде капитене, кажи нешто“. Аки, брат ми, само се насмеа и рече: „Па, немам ништо шефе, ајде да одиме…“ А таа зафрканција, бидејќи навистина беше мајтап, потоа беше претставена во медиумите како нешто да пукнало во соблекувална. Како е можно такви работи да излегуваат од соблекувалната? Ова беше шега, но што ако се појават работи кои се сериозни? Дали ќе им откриеме тактиката на ривалите? Но, очигледно, новинарите во Хрватска се прејаки, па секаде имаат свои врски.“
Зборувајќи за Адеми, Ристовски рече:
„Тој не е само мој колега, тој ми е брат. Ќе ми биде жал ако го напушти Динамо. Многу ми е жал што се најде во сите овие медиумски стории. Аки секако не заслужува таков медиумски однос. Тој е легенда на клубот, тој е со сите нас 24 часа на ден. Ова што сега го доживува, овие дневни медиумски шпекулации се неправедни кон него. Тој ќе остане лидер на оваа соблекувална“.