Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ беше во посета на Португалија, каде што шампионот Риека во текот на летото продаде двајца играчи – македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски и Хрватот Јосип Мишиќ.
Ристовски, кој во Риека го остави својот брат Милан Ристовски, вели дека му недостасува животот на Кварнер, како и на неговиот кум Вешовиќ, кој замина во полскиот тим Легија.
„Тој доби ќерка и веднаш ја зачлени во Риека. Така ќе направам и јас кога ќе ми се роди синот во февруари. На почетокот имав голема носталгија. Ми недостасуваа играчите, пријателите, Кек. Со него имавме тешки денови, но вечно ќе му бидам благодарен“, вели Ристовски.