Динамо Загреб загуби од Милан со 3:1 на „Сан Сиро“ во второто коло од Лигата на шампионите. Одбраната на „модрите“ не можеше да одолее на нападите на италијанскиот шампион, а по натпреварот говореше Стефан Ристовски.
„Игравме против клуб кој е во топ 10 во светот, со големо реноме и традиција. Во ова натпреварување секоја грешка се казнува. Ние правевме полугрешки и тоа Милан знае да го казни. Побега ми побегна за голот? Сите ми избегаа, што сега… Кога Милан притиска на таков начин, навистина е тешко да се одбраниш. Го добивме Челси, загубивме од Милан и одиме понатаму, ритамот е жесток. Мене ме очекува настап со репрезентацијата, а потоа ќе се вратиме на ЛШ“, изјави Стефан Ристовски.
Динамо Загреб е на второто место на табелата во групата Е, еден бод зад Милан, кој има победа и реми.