Еден од фудбалерите кој остави длабока трага во Барселона, Ривалдо, ја коментирал одлуката на Лионел Меси да го напушти клубот.
Бразилецот смета дека заминувањето на Меси без обесштетување, во периодот кога клубовите се во финансиска криза, ќе биде голем удар за неговиот поранешен клуб.
„Во овој момент заминувањето на најголемата ѕвезда без обесштетување ќе биде голем удар за Барселона. Клубот сака да заработи нешто и тоа во моментов е најголема пречка за неговото заминување. Тажно е што на ваков начин ќе заврши неговата приказна во Барселона. Таков е фудбалот, работите понекогаш не одат во посакувана насока“, рекол Ривалдо, а потоа проговорил и за трансферот на Роналдо пред две години во Јувентус.
„Трансферот на Роналдо од 100 милиони евра во Јувентус делуваше како лоша одлука за Реал во 2018 година. Но гледајќи како се развива ситуацијата со Меси, продажбата на Роналд се покажа како добра одлука за Реал, во вистински момент добија пари за него“.