Top Sport

Ван дер Сар прати писмо до фановите на Јунајтед по трансферот на Ван де Бек

Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, а сега извршен директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар прати писмо до навивачите на „ѓаволите“ по трансферот на 23-годишниот Дони ван де Бек на „Олд Трафорд“.

Претходно, Ван де Бек откри дека Ван дер Сар го охрабрувал да го избере Манчестер јунајтед и очигледно тој беше еден од клучните луѓе во изведбата на трансферот од 35 милиони фунти.

„Зборував со него и тој ми кажа многу приказни за клубот, за големите и за искуството кое го имал. Да, клубот има огромна историја и тоа беше многу важно за мене“, изјави Ван де Бек.

Ван дер Сар пак, објави отворено писмо до навивачите на „ѓаволите“ објавено во локалниот весник „Манчестер ивнинг њуз“.

„Драги навивачи на Манчестер јунајтед, се надевам дека сте добро. Нашите патишта повторно се вкрстија, еден од нашите доаѓа кај вас оваа сезона. Како многу фудбалери пред него, тој беше со нас од времето кога беше мало момче. Наскоро стана еден од нашите најдобри. Како и вие, и ние се гордееме со тоа што сме едни од најдобрите во развојот на талентите и давањето на шанса на младите фудбалери на највисоко ниво. Вашата нова ѕвезда е дел од таа гордост. Тоа е една од причините поради која не сакавме да замине, но сфаќаме дека е време за тоа. Да сонува. А нема подобро место за тоа од вашиот театар. Верувајте, го знам тоа. Чувајте го Дони и помогнете му во сонот. Уживајте во иднината“, напиша Ван дер Сар.

Scroll to Top