Top Sport

Ривалдо: Трансфер на Нејмар во Реал нема да биде предавство

Поранешната ѕвезда на Барселона, Ривалдо, вели дека се надева дека неговиот бразилски сонародник Нејмар ќе се врати во Каталонија, но додава дека трансфер во лутиот ривал Реал Мадрид нема да биде предавство кон „Блауграна“.

Последните денови се зголемија шпекулациите дека 27-годишниот Нејмар ќе се врати во Шпанија, откако Барселона и Реал се вклучија во интересна „битка“ со понуди за Пари Сен-Жермен, но сега следува тешкото договарање, а се верува дека ПСЖ не сака да има зделка со Барселона.

„Има премногу шпекулации за преговорите со Нејмар, посебно со Реал Мадрид и Барселона. Нејмар е толку талентиран што секој тим би бил подобар со него. Секако, би сакал да го видам назад во Барселона, но и да заврши во Реал Мадрид ќе биде океј. Јасно е дека сака да си замине. Ако Зинедин Зидан успее да го обезбеди неговиот потпис, тоа нема да биде предавство. Нејмар замина од Барселона за да отиде во ПСЖ, така што не е исто како ситуацијата да заминеше од Барса за Реал. Мора да биде професионалец и покрај тоа што е јасно дека сака да се врати во Барселона, каде што го познаваат и го почитуваат. Но, ПСЖ ќе се обиде да добие повеќе пари и тоа е нормално“, вели Ривалдо.

Scroll to Top