Легендарниот Ривалдо вели дека Бразил на СП во Русија едноставно мора да ја освои титулата, или да ризикува да биде прогласен за „неуспешен“ тим.
Бразил загуби само еднаш во 18 квалификациски мечеви на патот до Русија и секако се меѓу големите фаворити, а Ривалдо смета дека домашната публика ќе биде задоволна само со шеста мундијалска титула. Ривалдо ја освои титулата со Бразил во 2002 година, а во кариерата постигна 35 гола во 75 настапи за „селесао“.
„Секогаш велам дека Бразил е фаворит на секој Мундијал поради традицијата. Бев втор во 1998 година и во Бразил тоа е сосема безвреден пласман. За нас само шампионската титула е успех, а било што друго е катастрофа и играчите довиваат остри критики. Прифаќаме само прво место, за разлика од некои други репрезентации со традиција. Тие некогаш ќе завршат како втори, или четврти и ќе бидат пофалени за успехот, но кај нас го нема тоа“, вели Ривалдо.