Аргентинското Суперкласико им припадна на фудбалерите на Ривер Плејт. На „Монументал“, Ривер ја победи Бока јуниорс со 2:1. Натпреварот го обележа Кристијан Алварез со два гола.
Ривер, максимално ја искористија шансата до која дојдоа поради глупоста на Маркус Рохо. Дефанзивецот, во 15.минута доби жолт картон, а една минута подоцна поради уште еден невнимателен старт беше исклучен.
Со играч повеќе на теренот, Ривер целосно го контролираше натпреварот.
Алварез постигна два гола во првото полувреме, со што го реши победникот. Конечниот резултат го постави Карлос Замбрано во 94.минута.
На табелата во Аргентина, Ривер води со 30 поени, Бока со девет поени помалку се наоѓа на деветтата позиција.