Top Sport

Ривер Плата на европска почва го освоија Копа Либертадорес (Видео)

Фудбалерите на Ривер Плата ја освоија титулата во Копа Либертадорес за 2018 година. Ривер до четвртата титула во клупската историја, втора во последните четири години, стигна со победата во драматичниот реванш, одигран во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Ривер Плата со пресврт, го доби реваншот кој започна со резултат 2:2. Двата тима добија по едно полувреме, клучниот момент се случи во втората минута од продолженијата, кога Бариос доби црвен картон. Херој на Ривер Плата е Колумбиецот Кинтерос кој го постигна решавачкиот гол во 109 минута.

Бока Јуниорс ги контролираше настаните на теренот во првиот дел, а добрата игра ја крунисаа во 44.минута кога Нандез прекрасно го проигра Бенедето. Напаѓачот на Бока ладнокрвно го совлада Армани.

Ривер во вториот дел го наметнаа својот ритам, по неколкуте опасни напади, ја изведоа најубавата акција. Двојно проиграа Начо Фернандес и Паласиос, ја исфрлија комплетната одбрана на Бока, а потоа Фернандес го проигра Прато кој израмни на 1:1.

Продолженијата од два пати по 15 минути започнаа лошо за Бока. Бариос поради невнимателен старт во втората минута го доби вториот жолт картон.

Во 109.минута Ривер ја искористи предноста со играч повеќе. Кинтеро испрати вистински проектил од 17 метри за 2:1.

Конечниот резултат го постави Мартинез во 121 минута, откако 90 секунди претходно Хара го погоди дирекот од голот на Ривер.

Scroll to Top