Top Sport

Роберто Карлос потшипа за англиски нисколигаш!

Роберто Карлос, легендарниот бразилски поранешен фудбалер и освојувач на Светско првенство, во февруари ќе заигра за Бул ин д барн (The Bull in the Barne), англиски „паб“ фудбалски клуб, во еден од најинтересните трансфери овој преоден рок.

Бул ин д барн успеаја да ги добијат услугите на 48-годишниот Карлос преку аукција на „ИБеј“, гарантирајќи дека ќе се појави како замена во еден од нивните натпревари во февруари во лигата Шрузбери енд Дистрикт.

Клубовите од таканаречената „неделна лига“ во Англија, каде што играат аматери или тие кои излегуваат во ист паб, имаа шанси преку аукцијата од 5 фунти да го добијат потписот на Карлос. Сите средства собрани ќе одат во добротворната организација „Фудбал без граници“.

Ед Спелер, кој е менаџер и играч на клубот, вели дека едноставно имале среќа.

„Еден од пријателите ми пушти линк од наградната игра и мислев дека ќе биде забавно да се вклучиме. Кога добив имејл, полудев. Роберто Карлос е легенда и еден од најдобрите во историјата и уште не ни се верува. Ние сме само аматерски паб-клуб од Шропшајр, каде што сите плаќаат да играат и тој сега ќе игра со нас. Ние играме на терен во близина на халата во Хенвуд, каде што не работат сите тушеви. Обично имаме публика од неколку членови на семејствата, но имаме и двајца постари фанови, господин и госпоѓа Тарал, кои се тука без разлика на мечот и временските услови“, вели Спелер.

Scroll to Top